База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Мостот на уметноста е пешачки мост преку реката Вардар кој ги поврзува ГТЦ и кружната зграда на Јавното обвинителство.
Пуштен во употреба во април 2013 година, мостот е долг е 83 метри и широк 9,2 метри, со тоа што средишниот дел се проширува до 12 метри.
На него се поставени 29 скулптури на познати уметници и музичари, по 14 на секоја страна и една во средината.
Квалитетот и уметничкиот дострел на скулптурите, како и нивната бројност се предмет на дебата и критика во јавноста во контекст на проектот „Скопје 2014“.
Мостот го градеше скопската градежна фирма „Бетон“, според идејно решение на Коста и Викторија Мангаровски.
Изградбата е финансирана од општина Центар, што се посочува во
Првиот извештај за вмешаноста на општината во проектот „Скопје 2014“ на Слаѓана Тасева и Драган Малиновски како преземање активности што не се во надлежност на Центар, бидејќи „одржување и користење на речните корита во урбанизираните делови на градот е надлежност на Град Скопје“.