Групната скулптура „Основачите на Македонската револуционерна организација“ е подигната од страна на општина Центар, на иницијатива на Министерството за култура.

Споменикот подигнат во паркот „Жена - борец“ во близина на Собранието на Македонија е посветен на шесттемина основачи на Македонската револуционерна организација: Даме Груев, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Андон Димитров и Христо Батанџиев.

Автор на споменикот е велешкиот скулптор Ангел Коруновски, кој на конкурсот од четири пријавени труда ја освои втората и изведбена награда од 250.000 денари. Коруновски потоа склучува договор за изведба на групната скулптура со општина Центар во висина од 220 илјади евра во кои е вклучен авторски хонорар од 60 илјади евра, менаџирање, соработници, хала, изработка на моделите и гипсените калапи.

И овој споменик, заедно со уште седум други поставени од општина Центар во центарот на градот, е леен во италијанската леарница „Маринели“, иако другите понуди на јавниот тендер биле пониски.

Прифатената понуда за леење на „Основачите на МРО“ на италијанската леарница била била за 179% повисока од понудата на „РЖ Институт“ Скопје, забележува ревизијата на учеството на општина Центар во проектот „Скопје 2014“, изготвена од Слаѓана Тасева и Драган Малиновски.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
1.235.461 €
Вредност во денари:
75.980.838 ден.
Вид на објект:
Споменик
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот