Палатата „Лазар Поп-Трајков“ е владин административен објект кој се гради на местото на некогашниот парк спроти хотелот „Бристол“.

Станува збор за објект со приземје, седум ката и поткровје, во кој ќе се смести администрацијата на Централниот регистар, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија, Регулаторната комисија за енергетика, Македонска навигација (М-НАВ) и Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор.

Жителите на околните згради, поддржани од невладини организации и опозицијата, жестоко се спротивставуваа на плановите за градба на овој објект, поради сечењето на дрвјата и блокирањето на погледот од нивните домови.

Две години од почетокот на градбата, по задушувањето на протестите, но и по, како што се зборуваше, непредвидените проблеми со подземните води што се појавија при копањето на темелите, зградата интензивно се гради.

Неокласицистичката фасада се изработува според идејното решение на авторите Никола Стакинов, Лазар Димов и Живка Ристова кое го следи протежираниот архитектонски правец на проектот „Скопје 2014“.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
14.666.321 €
Вредност во денари:
901.978.767 ден.
Вид на објект:
Зграда
Статус:
Незавршен
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот