Партерното уредување кај новата зграда на Министерството за надворешни работи е реконструкција и уредување на кејот на реката Вардар на потегот од Камениот мост до мостот „Слобода“ кај МНР.

Идејата за реконструкција и одржување на коритото на реката Вардар доаѓа по изградбата на двата нови пешачки моста, но и останатите објекти што се подигнаа по должината на кејот во главниот град.

За таа цел во 2011 година е распишан конкурс за идејно решение на кој прва награда доби Анче Димитриевска Толеска. Конкурсот за идејно решение се однесува на потегот од мостот „Гоце Делчев“ до новата зграда на МНР, но во 2012 година, Службата за општи и заеднички работи на Владата на Македонија ја избра компанијата „Бетон“ од Штип за реконструкција на кејот на реката Вардар од Камениот мост до МНР.

Проектот во кој е вклучена изградба на нови потпорни ѕидови на кејот, засилување на постојните ѕидови, изградба на кејни конзоли и проширување на партерниот простор пред новоизградените објекти од проектот „Скопје 2014“, првично беше на 5,5 милиони евра, но потоа со градежната фирма е потпишан дополнителен договор кој ја зголеми цената за уште 690 илјади евра.

Во рамките на реконструкцијата претходно руинираното шеталиште се прошири и се поплочи со природен камен.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
6.327.849 €
Вредност во денари:
389.162.684 ден.
Вид на објект:
Останато
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот