База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Споменикот на Пјетер Богдани, еден од најпознатите писатели во албанската литература, е резултат на колацискиот договор меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ за присуство на албански дејци во проектот „Скопје 2014“.
Излеан во бронза, висок 5 метри, поставен на триметарски постамент, споменикот на Богдани е еден од трите споменици на албански историски личности што Советот на општина Центар ги усвои во Програмата за подигање на спомен обележја на значајни личности на инцијатива на ДУИ.
Автор на споменикот на Пјетр Богдани е Љиндита Бекири, од Прешево, која на јавниот конкурс доби прва награда за идејно решение во висина од 200.000 денари, а за севкупната изведба која подразбира авторски хонорар, макета, релјефи, материјали и сите други трошоци – 57.000 евра.
На конкурсот пристигнале 7 трудови. Втората награда од 120.000 денари ја добил Неџат Беќири, а третата од 60.000 денари - Башким Меџити.