Подземниот паркинг кај зградата на Уставен суд, Археолошкиот музеј и Државниот архив на влезот на Старата чаршија е на две нивоа, со површина од околу 10 илјади квадратни метри.

Според отчетот на Владата објектот не спаѓа во проектот „Скопје 2014“, иако е изграден за потребите на вработените во институциите кои беа преместени со проектот.

„Подземната гаража ќе се простира на околу 2.000 квадрати и проценето е дека таа ќе ги задоволува потребите на администрацијата од Уставен суд и од другите институции сместени во истиот објект“, изјави претставник на Владата, најавувајќи го објектот.

Паркингот е со капацитет од вкупно 726 места.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
1.836.423 €
Вредност во денари:
112.940.006 ден.
Вид на објект:
Подземна гаража
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот