Вртелешката, каруселот или рингишпилот е поставена на кејот на Вардар меѓу Камениот и мостот „Око“ во април 2013 година.

За поставување на овој објект, во центарот на градот, беше задолжена фирмата „ТЕХНОМЕТАЛ-ВАРДАР извоз-увоз“ во постапка со непосредно преговарање.

Причината е што претходните шест огласи за јавна набавка пропаднаа, затоа што или немало заинтересирани понудувачи или тие се повлекле.

Главен финансиер на каруселот што е изработен во Италија и во делови донесен во Скопје е ЈП „Паркови и зеленило“. Тој е со дрвена ротирачка платформа, со фигури на коњчиња, кочии и ротирачки чаши, односно со 32 седишта. Покривот, пак, му е во боите на македонското знаме.

Поставувањето на оваа детска атракција предизвика дебати дали на таков објект му е местото на плоштадот „Македонија. Невладината „Плоштад Слобода“ во јавната реакција побара тогаш новоизбраниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, да го отстрани што поскоро.

„Во овој случај не може да има ’повредени’ национални чувства, непочитување на идентитетот и слични небулозни обвинувања од непостојни организации на поддржувачи на ‘Скопје 2014’. Ова е дивоградба и таа мора да се отстрани“, изјави тој.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
162.600 €
Вредност во денари:
9.999.910 ден.
Вид на објект:
Останато
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот