Скулптурата „Човек дрво“ е висока шест метри и е изработена во комбинација на мермер и на бронза.

Таа е една од преку триесетте скулптури поставени во 2009 година на почетокот на реализацијата на проектот „Скопје 2014“.

Автор на скулптурата е Дамјан Ѓуров и таа отсликува симбиоза или трансформација на човек во дрво. Скулптурата на плоштадот „Македонија“ ја промовираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на крајот на јануари 2009 година.

„Се надевам дека самата скулптура и останатите ќе дадат едно посебно обележје на градот Скопје и посебна препознатливост на нашата држава“, изјави министерката во врска со оваа и сите скулптури избрани на јавниот конкурс на Министерството и изработени и поставени во централното градско подрачје во текот на истата година.

„Човек дрво“ е скулптура којашто во медиумите беше посочена како реплика на друга слична скулптура на самоуката авторка од САД – Рејчел Дирена. Нејзиното дело „Прегратка – духовите на природата”, е направено во декември 2007 година.

Ѓуров за оваа скулптура, освен паричната награда од 30.000 денари, добил и над 2,5 милиони денари за нејзина изработка.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
41.288 €
Вредност во денари:
2.539.200 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот