Скулптурата „Девојче“ припаѓа на првичниот бран на „Скопје 2014“ кога со еден конкурс се одбрани над 30 скулптури и поставени на релативно мал простор во строгиот центар.

Скулптурата „Девојче“ е една од скулптурите која предизвика различни реакции во јавноста заради специфичниот естетски израз на авторот.

Скулпторката Грозданка Каникова на распишаниот конкурс на Министерството за култура во 2008 година добила можност да учествува со три свои дела.

Освен „Девојче“, таа ги потпишува и скулптурите „Риба“ и „Набљудувач“. Ниту една од трите скулптури на Каникова не се задржаа многу на првичната локација. „Девојче“ беше поставена 2009 година во строгиот центар на Скопје на улицата „Македонија“, кај семафорите, а потоа беше дислоцирана во Градскиот парк.

Освен паричната награда од 30.000 денари, за изработка на трите скулптури, Каникова добива нешто над 6 милиони денари, односно 97.000 евра. Подоцна истата скулпторка ја направи и скулптурата на Петре Прличко на мостот „Око“.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
32.653 €
Вредност во денари:
2.008.175 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот