Скулптурата „Грмушка“ од авторот Искра Димитрова, висока две метри, изработена од инокс, е дел од проектот „Скопје 2014“.

Авторката Искра Димитрова на јавниот конкурс на Министерството за култура, распишан во 2008 година, за поставување 35 скулптури, добила можност за реализација на две нејзини дела.

Покрај скулптурата „Грмушка“, односно „Грмушка во рефлектирачка коцка“, Димитрова е наградена и за инсталацијата „Три врби во Вардар“ со по 30.000 денари, односно 500 евра.

За изработката на оваа модернистичка скулптура, според отчетот на министерката за култура во 2013 година, на авторката ѝ се исплатени нешто над 6.000 евра, односно 388.296 денари.

Во договорот потпишан по завршениот конкурс за изработка на „Грмушка“ и на „Три врби“ заедно се исплатени над 50.000 евра.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
57.327 €
Вредност во денари:
3.525.581 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот