База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Брозената скулптура „Излет“ е поставена во 2009 покрај пешачката патека на кејот на Вардар.
Автор на скулптурата е релативно младиот Ристо Станковски кој четири години по магистрирањето на Националната академија за визуелни уметности во Софија доби три први награди на конкурсот на Министерството за култура за поставување 35 скулптури во централното градско подрачје.
Освен на „Излет“, Станковски е автор и на скулптурите „Маски“ и „На кафе“, избрани од стручно жири ангажирано од страна на инвеститорот.
Како и на другите автори од почетоците на проектот „Скопје 2014“, освен првата награда за идејно решение во висина од 30.000 денари, исплатени му се дополнителни средства со еден договор за изработка на сите три скулптури.