Скулптура „Кафез на душата“ од авторот Сашо Поповски е поставена во март 2009 во првиот бран на „Скопје 2014“ во центарот на градот.

Станува збор за скулптура со димензии: 320 х 125 х 125 сантиметри, излеана во бронза, која беше избрана на јавниот конкурс на Министерството за култура објавен во 2008 година за изработка на 35 скулптури во централното градско подрачје.

На конкурсот се јавиле повеќе од 50 уметници, а понудените дела ги избирало стручно жири со кое претседавал архитектот Митко Хаџи-Пуља.

Авторот Сашо Поповски како еден од 26 наградени автори, покрај парична награда од 30.000 денари, што согласно конкурсот на Министерството ја добива секој од избраните, за изработка на скулптурата добил 26.000 евра.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
26.575 €
Вредност во денари:
1.634.358 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот