База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Скулптура „Космоинтеграла - 2008“ од авторот Антони Мазневски, претставува монументала композиција од три дела што беше поставена пред платото на Македонската опера и балет.
Скулптурата е изработена од етернит - австриски материјал за покривни површини, кој, како што кажува и неговиот назив, е особено издржлив (етернити - вечност) и им се спротивставува на сите влијанија.
„Косомоинтергала“ е дел од првиот бран на проектот „Скопје 2014“ што започна со јавен конкурс на Министерството за култура објавен во 2008 година за поставување 35 скулптури во централното градско подрачје.
Во тие рамки се избрани и поставени скулптури на 26 автори.
За изработка на скулптуратата авторот доби парична награда од 30.000 денари, а за изработка на монументалната композиција над два милиона денари.