Скулптурата „Набљудувач“ му припаѓа на првичниот бран на „Скопје 2014“, кога во централното градско подрачје се поставени триесетина урбани скулптури на претежно млади автори.

Авторката Грозданка Каникова доби можност да учествува со три свои дела на распишаниот конкурс на Министерството за култура во 2008 година. Освен „Набљудувач“, таа ги потпишува и скулптурите „Риба“ и „Девојче“.

Ниту една од трите скулптури на Каникова не се задржаа многу на првичната локација. „Набљудувач“ беше поставен во строгиот центар на Скопје на местото познато како „Ловец“, за подоцна да му отстапи место на многу поголемиот споменик на „Христо Узунов“. Слична судбина имаа и другите скулптури на Каникова.

Освен паричната награда од 30.000 денари, за изработка на трите скулптури, таа добива нешто над 6 милиони денари, односно 97.000 евра.

Подоцна Каникова ја изработи и скулптурата на Петре Прличко на мостот „Око“.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
33.141 €
Вредност во денари:
2.038.175 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот