База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Скулптурата „Шмизла“претставува две метри висока, бронзена скулптура на девојка која зборува на мобилен телефон.
Таа е поставена на 18 јануари 2009, меѓу првите скулптури во рамките на проектот на Министерството за култура кога, со јавен конкурс, се избрани идејни решенија на повеќе од 30 млади автори.
Најавите на Министерството дека со овој проект ќе се разубави градот, ќе се „внесе квалитет во културното секојдневје, а скулптурите ќе имаат и едукативно влијание", беа причина за цинични и негативни коментари во јавноста во контекст на едукативното влијание на оваа скулптура која претставува олицетворение на негативен стереотип.
Автор на скулптурата е Димитар Филиповски кој ги потпишува во иста година поставените скуптури именувани како „Еееј“ , која беше лоцирана наспроти „Шмизла“, и „Заљубени“.
Освен паричната награда од 30.000 денари, за изработка на трите скулптури Филиповски добива повеќе од 5 милиони денари, односно 84.000 евра.
Најавите на Министерството дека со овој проект ќе се разубави градот ќе се „внесе квалитет во културното секојдневје, а скулптурите ќе имаат и едукативно влијание" беа причина за цинични и негативни коментари во јавноста во контекст на едукативното влијание на оваа скулптура која претставува олицетворение на негативен стереотип.