Фотографија и локација на објектот не се достапни

Скулптура „Сивец”, од авторот Симеон Арнаудов, со димензии: 200 х 120 х 80 сантиметри беше поставена во градскиот кварт Дебар маало 2 во општина Центар.

Местото каде е скулптурата денес тешко може да се лоцира.

Оваа апстрактна скулптура е изработена од голем блок мермер од познатиот прилепски мермер сивец.

Ова е едно од избраните решенија на јавниот конкурс на Министерството за култура објавен во март 2008 година за поставување 35 скулптури во централното градско подрачје.

Наградените дела се поставени во текот на 2009 и на почетокот на 2010 година и се дел од проектот „Скопје 2014“.

На конкурсот се јавија повеќе од 50 уметници, а понудените дела ги избираше стручно жири под претседателство на архитектот Митко Хаџи-Пуља.

Покрај сумата за изработка на скулптурата, авторот доби и парична награда од 30.000 денари.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
16.460 €
Вредност во денари:
1.012.260 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот