Споменикот на „Тешкото“ претставува бронзена скулптура на едно од најпознатите македонски народни ора.

Поставена е во самиот центар на Скопје, во непосредна близина на Спомен-домот на Мајка Тереза на улицата „Македонија“.

Скулптурата е свечено откриена во август 2009 година, и е меѓу првите скулптури поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“.

Автор на ова дело е скулпторот Златан Трајков. Тој, освен паричната награда добиена на јавен конкурс од Министерството за култура, доби повеќе од 70.000 евра за негова изработка.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
77.112 €
Вредност во денари:
4.742.400 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот