Скулптурата „Заљубени“ е една од трите скулптури на авторот Димитар Филиповски избрани на конкурсот за 35 скулптури на самиот почеток на реализацијата на проектот „Скопје 2014“.

Станува збор за бронзена скулптура од два и пол метри која претставува пар во прегратка поставена на кејот на реката Вардар.

Во јавната дебата која се разви околу одлуката на Министерството за култура со јавен конкурс, распишан во 2008 година, да одбере и постави одеднаш десетици скулптури во центарот на Скопје, скулптурата „Заљубени“ беше проблематизирана поради нејзината сличност со друга таква скулптура поставена во Соединетите Американски Држави.

Филиповски на јавниот конкурс на Министерството за култура распишан во 2008 година доби можност за изработка на три скулптури. Покрај „Заљубени“, Филиповски е автор и на скулптурите „Шмизла“ и „Еееј“, а подоцна и на споменикот на Методија Андонов -Ченто.

Освен паричната награда од 30.000 денари, за изработка на трите урбани скулптури, Филиповски добива нешто над 5 милиони денари, односно 84.000 евра.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
28.527 €
Вредност во денари:
1.754.412 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот