Скулптурата „Жена која медитира“ од авторот Томо Бундовски е дел од првите објекти на проектот „Скопје 2014“.

Скулптурата висока заедно со постаментот над 2 метри е изработена во бел мермер и е една од малкуте скулптури и споменици во рамките на проектот што не се излеани во бронза.

Бундовски е еден од 26 автори избрани на јавен конкурс распишан од Министерството за култура во 2008 година за поставување 35 скулптури во централното градско подрачје.

Идејните решенија ги избираше стручна комисија на чело со архитектот Митко Хаџи-Пуља, а изработените скулптури беа поставени во неколку наврати во текот на 2009 година.

Авторот за оваа скулптура, освен паричната награда од 30.000 денари, добил и над 980.000 денари за нејзина изработка, околу 16.000 евра.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
16.460 €
Вредност во денари:
1.012.260 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот