Фотографија и локација на објектот не се достапни

Со споменикот на Мајка Тереза, кој треба да биде поставен на плоштадот „Македонија“, е најавен крај на споменичната инвазија во рамките на проектот „Скопје 2014“.

Ова спомен-обележје првично беше најавено дека ќе го гради индискиот бизнисмен Субрата Рој на чијашто компанија „Сахара Глобал“ за таа цел во 2013 година му е подарена градежна парцела од 621 квадратен метар на плоштадот „Македонија“.

По скандалот и апсењето на индискиот бизнисмен, самиот премиер Груевски, на конгресот на партијата во Куманово годинава, обзнани дека споменикот ќе се гради од државниот буџет и дека што се однесува до поставувањето на спомениците, со него завршува проектот „Скопје 2014“.

„Во делот на спомениците ни остана уште споменикот на Мајка Тереза кој ќе се финансира со буџетски средства“, ја пренесоа медиумите изјавата на Груевски.

За изработка на споменикот кој според најавите може и да го надвиши споменикот на Александар е надлежно Министерството за култура кое во документите овој споменик го именува како „објект со скулптурална композиција“.

Во изминатиов период беше изработен основниот проект за „објектот со скулптурална композиција“ од страна на Градежниот институт „Македонија“, а идејното решение е дело на Валентина Стевановска и Кирил Мукаетов.

Министерството за култура на конкурс ја избра градежната компанија „Бетон“ како изведувач на работите. Вредноста на договорот изнесува 5,6 милиони евра.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
5.611.095 €
Вредност во денари:
345.082.326 ден.
Вид на објект:
Споменик
Статус:
Незавршен
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот