База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Неколку месеци во тајност се чуваше изгледот на новата зграда на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Министерството за образование и наука во февруари 2015 склучи договор со фирмата „Архитектоника“ од Скопје за изработка на основен проект за ФИНКИ, но во јавноста дури во мај 2015 година беше обелоденет изгледот кој го следат „барокниот“ архитектонски правец од владиниот проект „Скопје 2014“.
Идејното решение за објектот е на Жарко Чаушевски, директор на „Архитектоника“, кој доби награда од 300.000 денари.
Новата зграда треба да се гради на местото на постоечкото зеленило, меѓу објектот на Ректоратот и булеварот Крсте Мисирков.
Градот Скопје го ослободи инвеститорот (Министерството за образование) за 60 отсто од надоместоците за уредувањето на земјиштето, односно околу милион евра за комуналии.
Договорот за изградба е склучен со фирмата „Бетон – Штип“, која на електронската аукција понудила најниска цена, односно над 10 милиони евра.