Споменикот на Методија Андонов - Ченто претставува спомен-обележје на плоштадот „Македонија“ посветено на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.

Споменикот е свечено откриен во јуни 2010 година до Ристиќевата палата на местото на кое пред земјотресот во 1963 година се наоѓал хотелот „Македонија“, каде што Ченто живеел додека бил на чело на президиумот на АСНОМ.

Мермерниот споменик на Ченто, висок пет метри и тежок 25 тона, е дело на вајарот Димитар Филиповски кој освои втора награда на јавен конкурс. За награди се дадени вкупно 700.000 денари.

Првата награда 300.000 денари ја добил Александар Ивановски - Карадаре, втората 200.000 - Димитар Филиповски, и третата 100.000 денари Ангел Димовски - Чауш. На Синиша Новевски и Горан Ѓорев им се дадени по 50.000 денари откупни награди.

Според финансиската конструкција на Филиповски, за изработка на скулптурата авторскиот хонорар е 15.000 евра, но исплатена му е сума и за други трошоци како што се: изнајмување хангар од 300 квадратни метри, за девет месеци се потрошени над 16. 000 евра, за сметки за струја 2.250 евра, за соработници, по 700 евра месечно за девет месеци, за храна, кафе, пијалаци за девет месеци - 9.000 евра или вкупно 4,7 милиони денари.

Меѓутоа, според Првиот извештај на ревизијата на „Скопје 2014“ од Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, се наведува дека во евиденцијата на општина Центар на авторот му се исплатени 9.924.237,00 денари.

Споменикот на Ченто се споменува и во критиките кон проектот „Скопје 2014“ како пример за лошо решена статика на фигурата, поради што таа е „наслонета“ на мермерен блок во облик на пенушка.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
868.720 €
Вредност во денари:
53.426.275 ден.
Вид на објект:
Споменик
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот