По многу демантирања, општината Гази Баба во 2011 година потврди дека споменикот „Коњаник“ во Автокоманда, е претстава на Филип Втори, таткото на Александар.

Потврдата дојде откако првично поставениот постамент за коњаникот беше урнат, затоа што авторката на скулптурата Валентина Стевановска проценила дека според планираните пропорции, на споменикот му е потребен понизок постамент.

„Сите градежни активности, од уривањето па сѐ до поставувањето на новиот постамент и на фонтана, како и нивната инсталација, чинат 18 милиони денари. Очекуваме дека на крајот од август целата работа ќе заврши и ќе може да се постави коњаникот Филип Втори", изјави тогаш портпаролката на општината Емилија Кипроска.

Општина Гази Баба објави конкурс за идејно решение на коњаник и за фонтана со придружни фигури во населбата Автокоманда во август 2008 година.

Првонаградена на конкурсот за скулптурата на Коњаник со постамент и рељефи, како и за другите осум скулптури беше Валентина Стевановска.

Споменикот на Филип Втори е висок пет метри и тој е доминантна фигура на плоштадот каде е поставена и фонтана со четири женски фигури, наместени на столбови, а во средината има четири воини, кои над главите држат штитови.

За леење во бронза на сите скулптури во споменичниот комплекс е избрана леарницата „Јеремиќ“, која го доби вториот тендер распишан од Општината Гази Баба, откако првиот пропадна поради несоодветните понуди.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
972.883 €
Вредност во денари:
59.832.292 ден.
Вид на објект:
Споменик
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот