По неколку години одложување, како дел од проектот „Скопје 2014“, објектот на Стариот театар беше свечено отворен во 2013 година.

Стариот театар е изграден на кејот на реката Вардар од левата страна, на местото каде што до катастрофалниот земјотрес во 1963-тата, постоеше скопскиот театар.

Идејата за обнова на Стариот театар, но на другата страна од реката Вардар, е на претходната Влада на СДСМ. Во 2006 година Владата на ВМРО ДПМНЕ ја започнува постапката за обнова на објектот на автентичното место во рамките на проектот „Скопје 2014“.

По распишаниот меѓународен тендер за изградба до ниво на карабина, објектот почна да се гради кон крајот на 2007 година, од страна на градежното претпријатие „Бетон – Штип“, а според идејното решение на архитектот Јован Стефановски-Жан.

Првично, театарот требаше да биде готов кон крајот на 2009 година. Но, поради голем број одложувања и пожар во 2011-тата, тој е завршен три години подоцна.

Со многуте дополнително потпишани договори за дореализација на проектот, сумата за негова изградба постојано се зголемуваше и надмина 37 милиони евра.

Во дополнителните договори, всушност, се предвидени ставки за кои во јавноста беше коментирано дека секако мораа да бидат планирани, затоа што е незамисливо да градите театар без завеса, столчиња или врати во објектот.

Во документацијата за овој објект има над 80 договори, што Стариот театар, заедно со Музејот на македонската борба го прават еден од објектите со најмногу склучени договори.

На свеченото отворање присуствуваше целиот државен врв, а беше промовиран и Музејот на МНТ, кој претставува прва театарска музејска збирка формирана и презентирана во Македонија.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
37.755.471 €
Вредност во денари:
2.321.961.479 ден.
Вид на објект:
Зграда
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Инвеститори:
Автори:
Градежна фирма:
Леарници:
Останато:

Местоположба на објектот